Бернардо Силва е се поблиску до потпис со Ал-Хилал, откако тимот од Саудиска Арабија со платата што ќе ја понуди без проблем ќе ги урне надежите за потпис на Португалецот на Барселона и Пари Сен Жермен.
Она што е важно да се истакне се однесува на парите што Бернардо би можел да ги заработи на Арапскиот Полуостров, а се работи за 50.000.000 евра по сезона. Договорот би бил на три години, што значи дека поранешниот ас на Монако ќе инкасира 150.000.000 евра во неговиот престој во Саудиска Арабија.
Една од причините што се поврзува Бернардо Силва со Ал Хилал е и улогата на менаџерот Жорже Мендеш. Во овој преоден рок тој веќе го однесе Рубен Невес од Вулверхемптон во Ал Хилал. Претходно Кристијано Роналдо потпиша со Ал Наср, а на клупата на овој тим седна Жорже Жезус, трофејниот тренер кој освои титули со Спортинг, Бенфика, Фламенго и Фенербахче.
Минатото лето Силба се поврзуваше со Барселона, но Каталонците ниту тогаш, ниту сега иако повторно го посакуваат не можат да си дозволат вакво луксузно засилување. Пари Сен Жермен исто така е во игра за неговиот потпис, но ниту францускиот шампион не може да му понуди на Силва плата која што би ја добил од Ал-Хилал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

