Американците никако не можат да преболат што Никола Јокиќ доминира во најсилната лига во светот, па кога не можат да кажат ништо за неговите игри на теренот, продолжуваат со критиките околу изгледот на српскиот ас.
Последниот што даде трагикомичен коментар на оваа тема беше Ајзеа Томас, легендарниот плејмејкер на Детроит кој го прокоментира конфликтот што Јокиќ го имаше со газдата на Феникс на еден од мечевите од плејофот, притоа споредувајќи го Србинот со нилски коњ.
„Кога го видов Јокиќ блиску до Мет Ишбија, сопственикот на Феникс, можев да кажам само една работа: Па Џокер е навистина голем. Не само што е голем, туку е и масивен, тежината што ја носи… тоа е како еден огромна плоча месо од кито. Неверојатно, тој нема никаква дефиниција на мускулите на телото, тој е како нилски коњ“, прокоментира Ајзеа Томас за време на преносот на мечот од Летната лига меѓу Торонто и Кливленд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

