Гостивар продолжува со засилувањата, потпишан и Адаму од Нигерија

Гостивар продолжува да го засилува играчкиот кадар за наредната сезона, па новиот прволигаш денеска комплетираше уште еден трансфер. Станува збор за нигерискиот фудбалер Ибрахим Алхасан Адаму, кој го стави својот потпис на договорот со гостиварци и веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб.

Адаму е 22-годишен играч за врска кој доаѓа од Нигерија, а последните сезони ги мина во втората турска лига. Негов последен клуб беше Анкара Кечиоренгучу, од каде овој фудбалер ќе пристигне во таборот на Гостивар.

За потсетување, гостиварци вчера го комплетираа и трансферот на македонскиот голман Васко Василев, кој доаѓа од португалски Рио Аве. Претходно, новиот прволигаш потпиша договори за соработка и со Јусуфи, Маневски, Абази, Абдула, Спахиу, Мехмедовиќ, Мујезиновиќ и Ѓоргиев.

Се вчитува...