Надал уште месец дена нема да може да држи рекет во рака

Рафаел Надал ја почна рехабилитациската програма по серијата повреди што подолго време го оддалечија Шпанецот од тениските терени, но јасно е дека не може да се очекува тој во блиска иднина да му се врати на „белиот спорт“.

Надал веќе најави дека желба му е да настапи на што повеќе турнири во следната 2024 година, што ќе биде и последна во неговата кариера, но неговиот чичко Тони Надал обелодени дека рехабилитацијата тече бавно.

„Според препораките на лекарите, Рафа во блиска иднина нема да може да игра тенис, ниту пак да тренира како што треба. На почетокот ќе работи само на подобрување на физичката подготвеност. Тој уште најмалку еден месец нема да може да држи рекет во рака“, изјави Тони Надал.

Искусниот 37-годишен Шпанец својот последен меч го одигра на 18 јануари, во второто коло од Австралија Опен каде што беше поразен со 0-3 од Американецот Мекензи Мекдоналдс.

Се вчитува...