Еден од најдобрите европски кошаркари, Никола Миротиќ би можел да биде ново засилување на Партизан, ексклузивно пренесува српски „Курир“.
Партизан сака да активира „бомба“ на европскиот пазар и да заврши со еден од најголемите трансфери во историјата на клубот.
Иако изминативе денови се зборуваше за Олимпија Милано, Олимпијакос, Панатинаикос, па и Црвена Звезда, сега во трката сериозно е вклучен Партизан кој е во „пол-позиција“ за ангажмана на Миротиќ.
Според информациите од Србија, тренерот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ е директно вклучен во разговорите со Миротиќ, па постои реална можност поранешната НБА ѕвезда да го облече дресот на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА