Карсон Едвардс во новата сезона ќе ги брани боите на Баерн Минхен откако германскиот евролигаш и американскиот кошаркар ги договорија личните услови и само формалност ги дели од официјализирање на соработка, пренесуваат европските медиуми.
Американецот кој во 2022 година ја освои наградата за најдобар поентер во Џи-лигата претходната сезона потпиша едногодишен договор со Фенербахче, а не се прослави во дебитантската сезона во Европа бележејќи 8.0 поени, 1.3 скока и 1.1 асистенција по натпревар во најсилното европско кошаркарско првенство.
Неговите бројки беа подобри во турското првенство, но за жал не успеа да му помогне на тимот да се избори за место во финалето и покрај просекот од 13.3 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА