Џек Грилиш не личи на себе по месец дена пијанчење (ФОТО)

Прославата на Џек Грилиш за успешната сезона во која неговиот Манчстер Сити ги освои Премиерлигата, ФА Купот и Лигата на Шампионите продолжи и по прославата на „триплетата“ на улиците на англискиот град.

Репрезентативецот на Англија одморот од долгата сезона го искористи за забава со прекумерено пијанчење на Ибица, а сликите кои доаѓаат од атрактивната локација се прилично шокантни. Постојаното конзумирање на алкохол остави трага на Грилиш, а запоставеното тело и матниот поглед брзо станаа хит на социјалните мрежи.

Се вчитува...