Познато е колку ќе се задржи Теодосиќ во Црвена Звезда

Црвена Звезда денеска своите редови ги засили со Милош Теодосиќ, долгогодишниот репрезентативец на Србија и воедно еден од најдобрите бекови во Европа. Тој во Белград се враќа од редовите на Виртус Болоња и за прв пат ќе ги носи „црвено-белите“ бои на неговиот омилен тим.

А, медиумите во Србија веќе открија и дел од деталите поврзани со неговиот договор. Имено, истиот е потпишан за само една сезона и очекувањата се дека 36-годишникот ќе го одбработи договорот во целост по што ќе замине во пензија.

Теодосиќ богатата кариера ја започна во ФМП, а настапуваше и за Борац Чачак како позајмен играч пред да се пресели во Олимпијакос. По четири години поминати во Грција заврши во ЦСКА Москва со која ја освои евролигашката титула во 2016 година. Година дена подоцна заигра во НБА лигата за ЛА Клиперс, а по камбекот во Европа од 2019 до 2023 година настапуваше за Виртус Болоња.

Се вчитува...