Еден од најдобрите фудбалери на „сините“ изминатата сезона Ѓорѓи Ѓорѓиев се приклучи на подготовките на тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со што е јасно дека останува во редовите на Брегалница и во следната сезона.
27-годишниот Ѓорѓиев се вклучи во тренажниот процес на Горан Здравков, полека темпирајќи ја формата за новите предизвици во синиот дрес. Иако разгледуваше можност и за промена на средината, на крај сепак Ѓорѓиев се одлучи на продолжување на договорот со штипскиот прволигаш.
Крилниот офанзивец се очекува да биде на располагање на стручниот штаб и за престојните пријателски натпревари кои ја очекуваат Брегалница до стартот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА