Црвена Звезда во новата сезона ќе се бори за враќање на тронот во јадранското првенство, но и достојно прикажување во Евролигата, а за оваа цел во тимот сака да ја има сензацијата на Евробаскетот 2022, Матеуш Понитка, пренесуваат српските медиуми.
Полскиот репрезентативец блесна на континенталниот собир поготово во четвртфиналниот натпревар против Словенија каде со трипл-дабл учинок ја предводеше својата нација до сензационална победа против фаворизираните Словенци предводени од Лука Дончиќ.
📊 26 PTS 16 REB 10 AST
Mateusz Ponitka posts the third triple double in #EuroBasket history as Poland advance to Semi-Finals for the 1st time in 1971! 🤯🇵🇱#BringTheNoise pic.twitter.com/6YyPd38ObO
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 14, 2022
Добриот настап на Евробаскетот му донесе место во Евролигата каде минатата сезона настапуваше за Панатинаикос, но и покрај добрата статистика не ја доби довербата на Атаман во новата сезона. Пао му се заблагодари за услугите, а Црвена Звезда сега му нуди 1.2 милиони евра за двогодишен договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА