Лапорта го „пецна“ Реал: Имаме далеку подобар тим од нив, а Арда им го препуштивме

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта тврди дека неговиот тим е далеку подобар од Реал Мадрид. Дури помалку и „понижувачки“ зборуваше за својот голем ривал.

Тој смета дека индивидуално екипата на Барселона е подобра, и задоволен е од тимот кој се создава, очекувајќи да владее и во следните години.

„Имаме подобар тим од Реал Мадрид. Не е во прашање само тимо, туку и индивидуално имаме подобри играчи. Далеку се пред нив. Како навивач на Барселона задоволен сум од тимот кој госоздаваме. Имаме добар тим, и со него сакаме да ја продолжиме доминацијата“, рече Лапорта.

Тој додаде дека им недостасува бек и играч од средниот ред. Зборуваше и за Арда Гулер, кој беше во преговори со Барселона, а потоа замина во Реал Мадрид.

„Имавме договор со играчот, и бевме подготвени да платиме на Фенербахче 17,5 милиони евра. Се појавија и други клубови како Реал Мадрид и платија многу повеќе. Тогаш одлучивме да не влегуваме во војна со понудите. Имаме добри играчи, можевме да се натпреваруваме за него, но не сакавме. Имаме критериуми кои ги цениме“, вели Лапорта.

Тој призна дека Лео Меси имал можност да се врати во Барселона…

„Да, му кажавме дека ќе му се јавиме кога ќе има доволно простор за финансиски фер-плеј за да го потпишеме. Правевме простор, а во меѓувреме неговиот менаџер и татко Хорхе ни соопшти дека одлучил да оди во Интер Мајами“, кажа Лапорта.

Се вчитува...