Легендарниот голман на Ајакс и на холандската репрезентација Едвин ван дер Сар, и натаму е во Сплит на интензивна нега во Клиниката за неврологија, откако во петокот имаше излив во мозокот.
Во Холандија будно ја следат ситуацијата, а Ајакс на својата службена страница објавува информации околу голманот. Главна комуникација им е сопругата Анамарија која ги пренесува најновите информации.
„Едвин и натаму е на интензивна нега, но е подобро, стабилно. Повеќе не е во животозагрозувачка ситуација и тоа се одлични вести. Секој ден сум со него во болница, комуницираме. Не смееме ништо да брзаме, ситуацијата е се подобра, но мораме да бидеме трпеливи“, пишува во објавата на Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

