Крсте Велкоски го продолжи договорот со Работнички

Искусниот Крсте Велкоски ќе игра за Работнички и во следната сезона, откако денеска ја продолжи верноста со „романтичарите“ на уште една сезона.

Велкоски играше во младинските категории на Работнички, а за сениорскиот тим настапуваше до 2008 година кога замина во Металуг, па во Чеалул, Енозис, а во 2011 година повторно се враќа меѓу „романтичарите“. Ќе игра за овој тим се до 2014 година, кога ќе се пресели во Сараево, а потоа ќе игра и за Инчон и за Сват Кат, па повторно во Сараево.

Во Работнички се врати летото 2022 година, и потпиша на една година, а сега на 35-годишна возраст ќе игра уште една сезона во таборот на тимот од Дебар Маало.

Се вчитува...