На Малта прекинат меч во ЛШ поради нереди на трибините (ВИДЕО)

Мечот меѓу Хамрун од Малта и Макаби Хаифа од Израел е прекинат на полувреме, поради нереди на навивачите на трибините. Дуелот е 0-2 на полувремето, но не е познато дали и кога ќе се доигра.

Навивачи на израелскиот тим почнаа да ги гаѓаат домашните фанови, и одлучено е мечот да биде прекинат.

Мечот се игра на стадионот во Та’Кали на Малта.

Се вчитува...