Сензација во Приштина: Балкани на пат да го исфрли Лудогорец од ЛШ

Бугарскиот шампион Лудогорец, кој во минатото играше во групната фаза во ЛШ и во ЛЕ, е пред елиминација од овогодинешното издание во Лигата на шампионите уште по првото коло, откако вечерва загуби во Приштина од косовски Балкани. Косовскиот првак славеше со 2-0, и ја направи можеби најголемата сензација на натпреварите во 1. квалификациско коло во ЛШ.

Балкани, кој лани го елиминираше и македонскиот првак Шкупи од ЛК, со головите на Кореница и на Зиба успеа да го совлада фаворитот од овој дуел и така на реваншот во Разград да патува со добра предност.

Во следната фаза од ова натпреварување е веќе Макаби Хаифа кој славеше на гости кај Хамрун со 0-4. Мечот беше во прекин речиси 1 час поради нереди на трибините. Партизани и БАТЕ Борисов одиграа 1:1 во Тирана, додека Бреидаблик го совлада тимот на Шамрок со 0-1.

Карабах се стекна со предност во дуелот со Линколн од Гибралтар, додека и првакот на БИХ Зрински победи на гостувањето во Ерменија кај Урарту.

ЛШ, 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:

Урарту – Зрински 0-1
Линколн – Карабах 1-2
Жалгирис – Струга 0-0
Хамрун – М. Хаифа 0-4
Олимпија Љубљана – Валмиера 2-1
Раков – Флора 1-0
Балкани – Лудогорец 2-0
Клаксвик – Ференцварош 0-0
Партизани – БАТЕ 1-1
Шамрок – Бреидаблик 0-1

Се вчитува...