Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди место во полуфиналето на Вимблдон по четвртфиналниот триумф над Рубљов, на тој начин оправдувајќи ги очекувањата свои и на светската спортска јавност.
На прес-конференцијата по мечот Ѓоковиќ доби и бројни прашања околу фаворитската улога на турнирот, истакнувајќи дека ги цени сите свои противници, но…
„Не сакам да звучам арогантно, но секако се сметам за фаворит ако ги погледнеме моите резултати овде на претходните изданија на Вимблдон, како и новото полуфинале. Секако дека се сметам за фаворит“ – истакна Ѓоковиќ, притоа компарирајќи ги претходните настапи во Лондон.
„Сега играме под едни други околности. Пред две години не можевме да излеземе од хотелот поради ситуацијата, сега останувам дома и го имам семејството со мене, па чувство е поразлично и тоа јасно се гледа во мојата мотивација. Засега е добро затоа што стигнав до полуфинале, но има уште два натпревари. Одам само предизвик по предизвик, секако со желба на крај да дојдат до титулата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

