Новак Ѓоковиќ е на две победи од нова титула на Вимблдон, а колкава е неговата желба да игра добро до крај доволно зборува приказната на Пит Кеш.
Шампионот на Вимблдон од 1987 година за „Би-би-си“ раскажа како Ѓоковиќ кренал узбуна во својот тим во три часот наутро по победата над Хуберт Хуркач. Ѓоковиќ го победи Хуркач по дводневна битка, но бил незадоволен затоа што противникот имал дури 33 аса.
„Еден тип кој е задолжен за статистика ми кажа дека во три часот наутро добиле порака од Горан Иванишевиќ во која му пишал: ‘Ги сакаме сите репризи на ритерн затоа што не ги враќаше добро сервисите, дајте ни ги сите вратени и невратени сервиси. Може ли да ми ги пратите?’ Замислете, во три часот наутро сето тоа“ – во чудо раскажувал Кеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

