Мишевски: Летонците цели 22 кола немаат пораз во првенството, време е да им го нанесеме првиот

Капитенот на Македонија ЃП, Филип Мишевски е оптимистички расположен пред утрешниот прв натпревар на „лавовите“ во 1. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига против РФС Рига од Летонија.

Летонците се во активна натпреварувачка форма ако се знае дека шампионатот во Летонија е во тек. А , РФС по 22 кола е единствената екипа во Летонија која нема пораз, со 15 победи и 7 ремија, иако во моментов се на втората позиција со 52 бода, три помалку од водечката Рига во трката за шампионската титула.

Мишевски смета дека можеби сега е време токму Македонија ЃП да им го нанесе првиот пораз сезонава…

„Со нетрпение го очекуваме натпреварот. Јасно ни е дека мора да одиграме максимално и 90 минути да бидеме агресивни ако сакаме успех. Мора да бидеме организирани и да дадеме се од себе на целиот меч, иако е јасно дека има и втор натпревар. Знаеме дека РФС нема пораз сезонава, па можеби е време ете во Скопје да го доживеат првиот“ – истакна Мишевски на денешната прес-конференција.

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и РФС Рига од првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига се игра утре од 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Се вчитува...