„Конте два часа ми се дереше пред соиграчите“

Бразилецот Ричарлисон, е еден од оние кои не се снајде најдобро во дресот на Тотенхем. Тој стигна во оваа екипа во 2022 година од Евертон за 58. милиони евра. Тогашниот менаџер Антонио Конте имаше големи очекувања од Бразилецот, но тој нималку не покажа дека местото му е во Тотенхем.

Ричарлисон во 35 настапи постигна три гола и четири пати асистираше. Конте го напушти клубот, а сега Бразилецот открива што се случило по натпреварот на „Сан Сиро“ против Милан во ЛШ кога Тотенхем го загуби мечот, а потоа по вториот меч беше елиминиран од „елитата“.

Тогаш Ричарлисон кажа: „Да видиме утре Конте што ќе каже. Тука никој не е будала, ја сум професионалец, тренирам и сакам да играм. Оваа сезона е ср*ње“, кажа Ричарлисон.

После тоа призна дека му се извинил на Конте, но тоа не било доволно.

„Не требаше да го кажам тоа. Подоцна се извинив и барав од Конте да ме казни. Покажа пред сите дека тој е главен. Урлаше на мене два часа пред сите соиграчи“, открива Ричарлисон.

Се вчитува...