Божидар Мојсов нов тренер на РК Прилеп

Ракометниот клуб Прилеп го назначи Божидар Мојсов за нов тренер на екипата. Тој беше поранешен помошен тренер во Е. Пелистер, а сега ќе го води тимот на Прилеп.
Својата богата кариера ја започнува како помошен тренер уште со формирањето на “Еурофарм Работник” и ја продолжува со спојувањето на “Пелистер” и нивните бројни успешни пласмани во македонската суперлига. Своето искуство го надополнува и со бројни настапи во европската лига, СЕХА лигата, каде како најголем успех се издвојува бронзениот медал.
РК Прилеп претходно се засили со ракометарите Драган Јелушиќ, Давит Ацевски, Никола Цветаноски.

Се вчитува...