Тотре: Амбициите се Шкендија да игра во групна фаза во Европа

Енур Тотре, капитенот на Шкендија очекува многу од оваа сезона кога е во прашање играњето во Европа. Тој беше дел од онаа генерација кога тетовскиот тим играше во плеј-оф во Лигата на Европа во минатото, а сега Тотре напоменува дека амбициите се исти.

Торе кажа дека иако тимот е нов, сепак, амбициите се секогаш Шкендија да се претстави добро во Европа, и да дојде до толку очекуваниот пласман во групната фаза од Лигата на Конференции.

„Среќен сум што бев дел од таа златна генерација на Шкендија која  играше во Европа во плеј-оф, но сега е нов тим, нов тренер, нов момент, но амбициите остануваат да направиме добар резултат на меѓународна сцена, зошто да не и групна фаза. Имавме доволно време да се подготвиме за овој меч и мислам дека сме подготвени да одговориме на предизвикот. Го анализираме противникот, ги знаеме нивните слаби точки. Се надевам дека ќе ги исполниме очекувањата и задачите од стручниот штаб и верувам во позитивен резултат“, рече Тотре.

Се вчитува...