Одржана седница на УО на ФФМ: Федерацијата доби нов генерален секретар

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на Управен одбор, и беа донесени неколку одлуки:

-Усвоени се пропозициите за Куп натпреварувањето за сезона 2023/24.

-Донесена е одлука за користење на средствата од Форвард 3 и Форвард 2 програмата на ФИФА за инвестициските проекти.

-Усвоени се судиските, контролорските и делегатските листи за сезона 2023/24.

-По истекот на вториот четиригодишен мандат на Генералниот секретар Филип Поповски, Управниот одбор го констатираше престанокот на законски утврдениот максимален мандат.

-На седницата на Управниот одбор за нов Генерален секретар се назначи Наталиа Илиевска Божиновска вработена во генералниот секретаријат на ФФМ.

Се вчитува...