Лајпциг со големо засилување за нападот

Лајпциг осигура големо засилување за нападот за наредната сезона откако конечно постигна договор со Ленс околу трансферот на Лоис Опенда. Младинскиот репрезентативец на Белгија имаше фантастична сезона во Ленс, привлекувајќи го вниманието на калчолигашот Милан и на неколку англиски клубови, но на крај кариерата сепак ќе ја продолжи во Германија.

Лајпциг бараше играч во нападот што би го наследник Кристоф Нкунку кој замина во Челси, а изборот падна токму врз Опенда поради сличниот стил на игра како и францускиот репрезентативец. Ленс долго ги одбиваше налетите на германскиот клуб, за на крајот конечно да биде постигнат договор, Лајпциг да плати почетни 38 милиони евра, а трансферот би можел да скокне на конечни 43 милиони евра ако се исполнат сите клаузули од договорот меѓу клубовите.

Лајпциг е еден од клубовите кои најмногу ќе заработат во овој преоден рок ако се знае дека веќе ги продаде Нкунку и Собослаи, а допрва се очекува да се комплетира трансферот на Гвардиол во Манчестер Сити, кој ќе изнесува околу 100 милиони евра.

Се вчитува...