По победата над Силекс во Кратово, фудбалерите на Брегалница славеа со идентични 2-1 и на вториот пријателски натпревар за време на летните подготовки.
Брегалница денеска на Градскиот стадион во Штип го победи српскиот прволигаш Дубочица од Лесковац со 2-1. Штипјани поведоа со 2-0 на мечот со головите на Колин Андерсон во 40. минута и капитенот Иван Николов во 47. минута од пенал, откако во противничкиот шеснаесетник беше соборен Андерсон. Гостите во 92. минута од средбата единствено успеаја да го ублажат поразот за конечни 2-1.
Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Горан Здравков натпреварот го почна во следниот состав: Новаков, Јованов, М. Димитриевски, Лвалива, Дикенс, Д. Димитриевски, Николов, Андонов, Калпачки, Ванегас, Андерсон. Уште играа и Давков, Кудев, Михолов, Тасев, Мат. Софијановски, Мар. Софијановски, Колев, Аџиев, Стојчевски, Ѓорѓиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА