Американски центар во КК Гостивар

Управата на Гостивар почна со засилување на играчкиот кадар откако денеска беше потпишано првото странско засилување. Нов член на гостиварци ќе биде Крис Остен, американскиот центар кој доаѓа од колеџ-тимот на Индијана Уни.

Станува збор за играч висок 206 сантиметри кој во просек минатата сезона постигнувал по 8,8 поени и 5,2 скока по натпревар.Тој ќе му биде на располагање на стручниот штаб од самиот старт на подготовките за новата сезона.

За потсетување, Гостивар реши да се раздели од тренерот Малинков и на негово место за шеф на стручниот штаб го именуваше досегашниот помошник Никола Димитриески. Воедно, беше потпишан нов договор и со капитенот Војче Лефкоски, кој и во следната сезона ќе ги брани боите на гостиварци.

Се вчитува...