Првиот тенисер во светот Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на неофицијалното светско првенство во тенис Вимблдон.
Таткото на Карлос будно ги следел случувањата на тренингот на Новак, во еден момент снимал се што се случува.
На прес-конференцијата Алкараз беше прашан дали е вистина дека неговиот татко го снимал тренингот на Ѓоковиќ, па тој даде коментар околу целата ситуација.
„Веројатно е вистина. Татко ми е голем љубител на тенисот. Тој не ги гледа само моите натпревари. Тој доаѓа во клубот во 11 часот наутро и заминува во 10 навечер, ги гледа сите натпревари и тренинзи. Тоа што имаше можност да го види Ѓоковиќ во живо, да, веројатно е точно дека ги снимаше тренинзите“, изјави Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА