Поранешниот министер за спорт на Руската Федерација Виталиј Мутко откри како му понудил на Златан Ибрахимовиќ да стане руски државјанин.
Ибрахимовиќ, кој има шведско државјанство, а неговите корени се од Босна и Херцеговина, гостуваше во Русија со Манчестер Јунајтед.
„Се сеќавам дека Мурињо дојде во Ростов, кога играше Манчестер, како тренер. По натпреварот дојдов кај нив и дадов понуда до Ибрахимовиќ. Му реков на англиски: „Дали сакаш да станеш државјанин на Русија ? Ќе ти дадеме пасош“, рече Мутко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

