Ливерпул доби понуда од 40 милиони фунти од Саудиска Арабија

Ал Итихад направи вистински бум на пазарот во Саудиска Арабија со трансферите на Карим Бензема и на Нголо Канте, но амбициозниот клуб не планира да застане овде, туку сака дополнително да се засили од европските гигантид о крајот на овој преоден рок.

Следен на листата со желби на Ал Итихад е Фабињо, бразилскиот репрезентативец кој настапува за тимот на Ливерпул. Веќе е подготвена и понуда во висина од 40 милиони фунти што е испратена до „црвените“, но Јирген Клоп нема одговорено чекајќи да го чуе најпрвин ставот на самиот фудбалер. Ливерпул инвестираше сериозно во средниот ред летово (Мекалистер и Собослаи), се преговара со уште неколку фудбалери, но доколку Фабињо инсистира на трансфер Клоп и клупските директори нема да му стојат на патот, туку ќе го продадат и парите ќе ги реинвестираат во нови засилувања.

Во меѓувреме, продолжуваат и преговорите за трансферот на Џордан Хендерсон во Ал Етифак. Капитенот се уште ја нема официјално одбиено понудата на тимот предводен од Стивен Џерард, а Ливерпул веќе порача дека нема шанса да даде зелено светло за трансфер без никаква отштета, инсистирајќи на сума од 10 милиони фунти за својот капитен.

Се вчитува...