Партизан го официјализираше и вториот трансфер во рок од само неколку часа откако новиот АБА-шампион потпиша двогодишен тоговор со Маеуш Понитка.
Крилниот кошаркар доаѓа во таборот на Партизан од редовите на Панатинаикос, а претходно има настапувано и за Зенит, Реџо Емилија, Локомотив Кубањ, Тенерифе… Минатата сезона тој имаше просек од 8,2 поени, 5,2 скока и 2,4 асистенции по натпревар, а претходното лето ја предводеше Полска до полуфиналето на Евробаскет, со одлични бројки од 13,4 поени, 5,3 скокови и 5,7 асистенции по натпревар.
Понитка доаѓа во Партизан на местото на Папапетру, кој си замина од белградскиот тим и се врати назад во редовите на Панатинаикос.
Полскиот репрезентативец е второто денешно засилување за Партизан, откако претходно беше потпишан договор и со српскиот репрезентативен плејмејкер Огњен Јарамаз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА