Огњен Добриќ по десет години поминати како кошаркар на Црвена Звезда од кои три ги помина на позајмица во ФМП заминува од белградскиот гигант и кариерата ќе ја продолжи во редовите на италијанскиот евролигаш Виртиус Болоња, официјално потврди клубот.
Бекот кој во претходните сезони беше еден од најбитнтие кошаркар на „црвено-белите“ потпиша двогодишен договор кој неофицијално вреди 1.6 милиони евра и со тоа влезе во листата на летни засилувања покрај Девонте Кејкок, Ахиле Полонара и Бруно Масколо.
🔏 OGNJEN DOBRIC ARRIVA A BOLOGNA, UNO DI NOI!
Welcome to Bologna ⚪️⚫️@OgnjenDobric pic.twitter.com/Gnn1F7XQfp
— Virtus Segafredo Bologna (@VirtusSegafredo) July 13, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА