Лотито: Имобиле ми е како син, нема сума за која би го продал

Италијанскиот прволигаш Лацио останува во фокусот на богатите Саудици. По трансферот на српскиот интеранционалец Сергеј Милинковиќ-Савиќ во Ал Хилал, сега интересот е свртен кон легендарниот фудбалер на клубот, Чиро Имобиле.

Сепак најдобриот стрелец во историјата на клубот има важечки договор до 2026 година и претседателот Клаудио Лотито нема намера да го продаде за како што вели самиот ниедна сума.

„Немам примено официјална понуда за Имобиле. Тој ми е како син и не е на продажба. Единствен начин да ме доведат во искушение е да ми понудат 50 милиони евра. Не сум сигурен дека би ја прифатил и таа сума“, вели Лотито.

Се вчитува...