ПСЖ почна да му се одмаздува на Мбапе, го подготвува првото од серијата понижувања

Одлуката на Килијан Мбапе да не го продолжи договорот го фрустрираше ПСЖ кој и натаму се надева дека ќе го убеди да остане во клубот.

Но, и покрај надежите за сето тоа, ПСЖ веќе е во потрага по замената за Мбапе. Една од опциите е Хари Кејн за кого се подготвени да платат 100 милиони евра, доколку тоа е желба на Тотенхем. Вниманието им го привлекува и напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, но факт е дека приоритет на ПСЖ е Жоао Феликс.

Во случај Феликс да заврши во Париз, ПСЖ би приредил вистинско понижување за Мбапе на кого до крајот на сезоната ќе му биде одземен бројот „седум“ кој ќе биде доделен на португалскиот напаѓач.

Новиот тренер Луис Енрике веќе го аминуваше доведувањето на Феликс, а покрај сето тоа катарскиот шеик Ал Тани и го гледа Португалецот како вистински наследник на Мбапе.

Фанцуските медиуми пренесуваат дека ПСЖ почна со сите можни видови притисок кон Мбапе, а прашање е и дали ќе го водат на азијската турнеа. Целта на парижаните е да го продадат Мбапе кога веќе не сака да потпише нов договор, па прашање е дали Луис Енрике ќе го користи во тимот дури и да остане.

Мбапе игра навистина мудро. Главна причина зошто не сака да го продолжи договорот е фактот дека го чекаат 80 милиони евра од бонусот за лојалност.

Се вчитува...