Клосе: Не го разбирам Милинковиќ-Савиќ со трансферот во Ал Хилал

Легендарниот германски фудбалер Мирослав Клосе вели дека не го разбира трансферот на српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ во Ал Хилал во Саудиска Арабија.

Клосе вели дека такви трансфери се својствени за играчи на крајот од кариерите, но не и за оние кои се на врвот на своите кариери. Тој апсолутно не го оправдава тоа.

„Гледав натпревар од саудиската лига 20 минути вкупно. Толку издржав. Навистина не знам на кое ниво е фудбалот таму“ – вели Клосе и дополнува:

„Сепак, бројни играчи одат во таа земја. Ако сте на крај од кариерите како Роналдо и Бензема, тогаш има смисла. Но, ова што го направи Милинковиќ-Савиќ не го разбирам. Мислам дека тој имаше уште многу време за еден таков потег. Но, тоа е негова одлука“.

Се вчитува...