Фудбалерите на Македонија ЃП имаат негатива од 0-1 по првото полувреме против летонскиот РФС Рига во првиот меч од 1. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.
Летонците се подобар тим на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје наметнувајќи поотворена иницијатива низ првиот половина час игра, што резултираше со погодок во 34. минута кога српскиот интернационалец Андреј Илиќ од непосредна близина стрелаше за 0-1.
Дури откако гостите поведоа, македонските „лавови“ се разбудија на пеколното време во Скопје па почнаа активно да играат во половината на Летонците иако без некои поизразени шанси за погодок, за на полувреме да заминат со негатива од еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА