Шкупи веќе со мислите кон Левски Софија: Чаирчани водат со 0-3 против Литванците по првото полувреме

Фудбалерите на Шкупи играат одлично прво полувреме во Литванија во првото квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига завршувајќи го со предност од 0-3 против тимот на Хегелман.

Чаирчани се на добар пат да запишат одличен резултат од Литванија со кој реваншот во Скопје за седум дена би бил само формалност, покажувајќи кој е кој во пресметката со литванскиот состав.

Дека Шкупи без размислување оди на победа најави уште во 11. минута со голот на Цефас. Во 23. минута веќе беше 0-2 со погодокот на Куевен, а Реналдо Цефас со својот втор погодок во последните секунди на првото полувреме заокружи на 0-3.

Веќе може да се насети дека ФЦ Хегелман ќе биде лесен залак за Шкупи на патот до следната рунда европски натпревари и 2. квалификациско коло од Конференциската лига каде ги чека Левски од Софија.

Се вчитува...