Зачудувачки потег на Јувентус: Бонучи исфрлен од првиот тим

Зачудувачки вести доаѓаат од Торино, каде што клубот Јувентус се одлучи да го „отпише“ еден од своите долгогодишни играчи и капитен на тимот, Леонардо Бонучи.

Италијанскиот ветеран пред неколку недели објави дека ќе остане во Јувентус и идната сезона, и дека ќе се пензионира летото 2024 година, сепак, можно е и предвреме да ја заврши својата кариера.

Директорите на клубот ја донеле одлуката, за која што Бонучи наводно бил шокиран, но ја прифатил. Нов капитен на Јувентус ќе биде Данило.

Иднината на Леонардо зависи од неговиот агент. Можно е да има нов клуб ова лето. Пред неколку денови се шпекулираше со трансфер во Њукасл.

Бонучи дојде во Јувентус пред 13 години. Во сезоната 2017/2018 изненадувачки се пресели во Милан, но по само една сезона се врати повторно меѓу „бјанконерите“.

Се вчитува...