Арслан по убедливата победа: На реваншот да покажеме дека овие 5-0 не се случајност

Шкупи со убедливи 0-5 се враќа од гостувањето во Литванија, кај Хегелман. Чаирскиот тим се „распука“, постигна пет гола, од кои четири беа дело на Цефас, додека еден постигна Кувен.

Иако „гулабите“ се веќе пласирани во 2. квалификациско коло, тренерот Џихат Арслан после победата истакна дека очекува иста игра и на реваншот во Скопје, и нова победа на својот тим.

„Не очекувавме толку висока победа, но работевме на тоа. Вреди да се напомене дека за Хегелман ова е 20-ти официјален натпревар, а за нас само прв. Дисциплината на играчите ја донесоа оваа победа. Сакам да се заблагодарам на домаќинот за приемот и за грижата за нас од првиот момент кога пристигнавме. И јас имав проблем со визата, но благодарение на Амбасадата на Литванија во Анкара, јас бев дел од тимот. Ова место ќе го паметиме по резултатот, но секако нема да заборавиме дека се чувствуваме како дома, и ќе возвратиме на гостопримството. Некогаш губиш, некогаш победуваш, но ваквите работи некогаш се во преден план. Ќе бидеме подготвени за вториот меч. Мислам да одиграме уште 10 пати, нема да победиме со 5-0, така што уште еднаш се покажа дека ваквите натпревари се специфични. Следната недела е реваншот, нашиот тим мора да покаже дека резултатот не е случаен.“, изјави Арслан.

Се вчитува...