Партизан се засилува со НБА плејмејкер!?

Бразилскиот кошаркар Раул Нето, поранешен член на Кливленд, би можел да биде следното засилување за белградски Партизан.

Како што пренесуваат европските кошаркарски медиуми, за 31-годишниот плејмејкер постои интерес и од грчки Олимпијакос но поблиску е до трансфер во Партизан.

Нето има повеќегодипно искуство во НБА лигата, а во сезоната зад нас заврши во Кливленд во чии редови во регуларниот дел од сезоната бележеше по 3,3 поени, 1,6 асистенции во просек на 48 натпревари.

Претходно Нето го носеше дресот и на Вашингтон, Филаделфија и Јута.

Се вчитува...