Шпанскиот напаѓач Родриго Морено ги напушти редовите на Лидс јунајтед и кариерата ја продолжува во катарскиот Ал Рајан.
32-годишниот Родриго за клубот од „Елан роуд“ играше од 2020 година забележувајќи 88 настапи со 26 постигнати голови. Минатата сезона беше и најдобар стрелец на Лидс со 15 гола, но не успеа да спречи клубот да испадне од Премиерлигата.
Во својата кариера Родриго играше и за Валенсија, Болтон и Бенфика, како и вториот тим на Реал Мадрид, а за шпанската репрезентација има 28 настапи со постигнати осум погодоци.
Biggest QSL summer signing (so far) ✅
Al Rayyan confirm the signing of Spain international and the only man who can throw a kettle over the Sheraton, Rodrigo!
The big man will don the number 19 shirt for Rayyan, scenes! #VivaQSLpic.twitter.com/TkpIqNWkCg
— Mitch Freeley (@mitchos) July 13, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА