Штип од денеска е домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години. На теренот на спортскиот центар „Џексон“ ќе се натпреваруваат 17 двојки од пет држави, девет во женска и осум во машка конкуренција.
Македонија ќе ја претставуваат четири двојки, по две во двете конкуренции. Во машка конкуренција ќе не претставуваат Кирил Глаев и Давид Киров, односно Трајче Барбареев и Тоше Ефремов додека во женска конкуренција Мила Вакувска и Добрина Хаџи Тосева, односно Моника Костовска и Стефанија Кипријановска.
Свеченото отворање е закажано за денеска од 20:30 часот, а натпреварите ќе стартуваат претходно во текот на денот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

