Интер и Манчестер јунајтед конечно се договорија за трансферот на голманот Андре Онана кој меѓу „црвените ѓаволи“ треба да се пресели за 55 милиони евра.
Интер претходно одби понуда од 45 милиони евра од Јунајтед, за да потоа договорот падне на 50 милиони плус пет низ бонуси. Овој потег на „нераѕурите“ треба да им донесе доволно средства за да може да се ангажира Ромел Лукаку, тој и следната сезона да остане во Милано.
Сега за Интер останува да најде замене за Камерунецот, а фокусот е на Јан Зомер од Баерн Минхен и на Анатолиј Трубин од Шахтјор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА