Во изминатите неколку денови се шпекулираше дека екс капитенот на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација Серхио Рамос ќе ја продолжи својата кариера на Бискиот исток, САД или можеби во Европа. Меѓутоа Бразилците тврдат дека искусниот стопер има понуда од Бразил.
Рамос наводно бил во контакти со Фламенго за негов трансфер. Бразилците тврдат дека Шпанецот е блиску до потпис со овој клуб, кој има најмногу навивачи во земјата.
Исто така бразилските медиуми пишуваат дека Фламенго размислува во своите редови да го донесе и Пол Погба. 30-годишниот Французин поради повредите во последно време е далеку од тимот од Јувентус, и затоа може да се случи во летниот преоден рок да го напушти клубот, и да замине во бразилскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

