Јунајтед го одби Галатасарај за играчот од средниот ред

Откако го ангажираше Анхелињо од Лајпциг, Галатасарај има намера да направи силен тим, со кој ќе атакува во битка за успех во Европа. Турскиот првак е на добар пат да го откупи и Икарди, а сега го сака и играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Фред.

Бразилецот се помалку игра во таборот на Јунајтед, но Ерик тен Хаг нема намера да го продаде, па затоа ја одби првата понуда од турскиот клуб.

Освен Галата, за него се интересираа и Фулам, како и тимови од Саудиска Арабија. Манчестер Јунајтед ја чека најдобрата понуда, а за него бара 30 милиони фунти.

Фред е во Јунајтед пет години, и досега има одиграно 213 меча со 14 голови и 19 асистенции за тимот од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...