Манчестер Јунајтед е казнет со 300.000 евра од страна на УЕФА, поради технички прекршоци во финансииите за 2019 и 2022 година.
Англиските медиуми во минатото пишуваа за проблемот на Јунајтед со финансискиот фер-плеј, што доведе до ограничување на буџетот годинава на 130 милиони фунти. Досега „црвените ѓаволи“ го реализираа само трансферот на Маунт за 55 милиони фунти.
Во следните денови се очекува да потпише и Онана од Интер за исто толку, со што Јунајтед ќе има само околу 20 милиони фунти за трошење, доколку во меѓувреме не реализира некој надворешен трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

