МВП-то на АБА е желба на Партизан

Освојувачот на наградата за најкорисен играч на АБА лига за сезоната 2022/23, Лука Божиќ е желба на Партизан, пренесуваат регионалните медиуми. Зад Хрватот е нова одлична сезона во дресот на Задар во која бележеше просек од 22 поени, девет скокови и шест асистенции по натпревар.

Дваесетиседумгодишниот репрезентативец на Хрватска е голема желба на тренерот Жељко Обрадовиќ кој во крилниот играч гледа како замена на заминатиот Јанис Папапетру и како поддршка на американскиот интернационалец Зек Ледеј.

Доколку се реализира трансферот за Божиќ тоа ќе биде само втор интернационален предизвик откако во сезоната 2019/20 настапуваше за црногорскиот Будуќност.

Се вчитува...