Новак Ѓоковиќ се пласираше во ново гранд-слем финале откако во првиот полуфинален дуел на Вимблдон славеше над Италијанецот, Јаник Синер со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-4 и 7-6.
Откако во првите два сета на Србинот му беше доволен по еден брејк за нивно освојување, во третиот Јаник Синер пружи силен отпор, а имаше и две врзани сет топки при водство од 4-5. Сепак, и тоа не беше доволно за Италијанецот, а сите дилеми околу победникот Србинот ги реши во тај-брејк кој е негов 15. во низа кој го освојува.
Со овој триумф тој стигна до 35. гранд-слем финале со кое сега е осамен на врвот, откако до денеска со по 34 беше израмнет со легендарната Крис Еверт.
Во второто полуфинале ќе се сретнат првиот носител Карлос Алкараз и Русинот Данил Медведев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

