Новак Ѓоковиќ се пласираше во ново гранд-слем финале откако во првиот полуфинален дуел на Вимблдон славеше над Италијанецот, Јаник Синер со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-4 и 7-6.
По натпреварот Ѓоковиќ изјави дека сака да верува дека го игра најдобриот тенис во неговата кариера.
„Би сакал да верувам дека го играм најдобриот тенис. Посакувам да е така. Ние сме дел од индивидуален спорт и треба да веруваш во себе и да се најдеш во најдобра форма физички, психички и емоционално, пред да излезеш на теренот. Се трудам да не гледам на годините како фактор кој може да го реши исходот на теренот. Напротив, 36 се новите 26… Добро е чувството. Чувствувам голема мотивација, сè уште сум инспириран да играм тенис. Овој спорт ми даде толку многу во животот, на моето семејство, на мојот тим. Јас сум вечно благодарен, ќе се обидам да бидам искрен и да му вратам на овој спорт колку што можам повеќе“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

