Кристенсен на едногодишна позајмица во Рома

Италијанскиот калчолигаш Рома го претстави Расмус Кристенсен за свој нов фудбалер. Тој на „Олимпико“ доаѓа на едногодишна позајмица од Лидс јунајтед.

„Рома со задоволство може да го соопшти потпишувањето со Расмус Кристенсен на позајмица од Лидс до 30 јуни 2024 година“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.

Кристенсен кој е дефанзивец што може да игра на повеќе позиции, вели дека е горд што ќе го носи дресот на Рома.

„Горд сум што ќе бидам дел од овој голем клуб, со самото доаѓање тука можете да ја почуствувате историјата. Не можам да дочекам да го почнам секојдневието тука“, вели Кристенсен.

 

Се вчитува...