Партизан вчера комплетираше два трансфери во ист ден, а денеска истото го стори и Црвена Звезда, откако „црвено-белите“ го ангажираа и второто засилување во рок од неколку часа.
Откако беше потпишан договорот со Мајк Тоби од Барселона, вечерва официјализиран е трансферот и на рускиот репрезентативец Џоел Боломбој. Станува збор за 29-годишен центар кој своевремено настапуваше за ЦСКА Москва, но минатата сезона ја мина во дресот на Олимпијакос. Тој не добиваше премногу шанси во таборот на грчкиот шампионат, поради што имаше скромни бројки од 3,8 поени и 3 скока по натпревар, поради што реши летово да ги промени клупските бои.
Договорот со Црвена Звезда е потпишан на една сезона, со што Боломбој стана шесто засилување на „црвено-белите“ за новата сезона, по Дејан Давидовац, Марко Симоновиќ, Милош Теодосиќ, Адам Ханга и Мајк Тоби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА