Лукаку му забива „нож во грб“ на Интер, челниците и навивачите бесни

Неверојатен пресврт може да се случи во трансферот на Ромело Лукаку, па од еден од омилените играчи, може да стане еден од најомразените. Веќе еднаш Лукаку ги разочара фановите на „нероазурите“ со неговата одлука да се врати во Челси, но набрзо ја сфати грешката, па се врати одново во Интер по една сезона.

Меѓутоа сега според италијанските медиуми ќе се случи уште едно, поголемо разочарување кое ќе го „сервира“ Белгиецот на навивачите. Наводно тој бил пред договор со Интер, Челси ја прифатил понудата од 35 милиони плус пет бонуси, меѓутоа конечното „да“ не било кажано поради – Јувентус.

„Старата дама“ се вклучила во трката за Лукаку, и му нуди подобри услови, со што напаѓачот и неговиот агент сега одолговлекуваат околу иднината. Наводно ова ги разбеснело челниците на Интер, па нема да биде чудо ако се откажат од неговите услуги. Меѓутоа за трансферот на Лукаку да се реализира, постои еден услов, а тоа е да биде продаден Душан Влаховиќ кој е пред трансфер во ПСЖ.

Интер претходно остана и без Един Џеко кој се пресели во Фенербахче, па остана само со еден напаѓач во името на Лаутаро Мартинез.

Се вчитува...